Хуманитарна помош за Газа EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Парите од УСАИД, САД ќе ги даваат на контроверзна фондација за помош на Газа

Американскиот Стејт департмент размислува да даде 500 милиони долари на фондација која обезбедува помош за Појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Ова ќе ги вклучи САД подлабоко во работата на контроверзната организација, чија дистрибуција на помош беше обележана со трагични настани, бидејќи повеќе од десетина луѓе беа убиени додека чекаа храна.

Извори и поранешни американски функционери, кои останаа анонимни поради чувствителноста на ова прашање, изјавија за Ројтерс дека парите за хуманитарната фондација Газа (ГХФ) ќе дојдат од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која е дел од американскиот Стејт департмент.

Хуманитарната фондација Газа, која беше силно критикувана од други хуманитарни организации и Обединетите нации , почна да дистрибуира помош минатата недела поради предупредувањата дека повеќето од 2,3 милиони жители на Газа се во опасност од глад по блокадата за помош што ја воведе Израел на 19 мај, кога беа дозволени ограничени резерви, а блокадата траеше 1 недела.

Фондацијата мораше да ја прекине дистрибуцијата двапати оваа недела, откако премногу луѓе ги преплавија центрите поради што израелската армија отвори оган врз нив.

Според Ројтерс фондацијата користи приватни американски безбедносни и логистички компании за транспорт на помош во Газа за дистрибуција на таканаречените безбедни локации за дистрибуција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот