
ФОТО | Парис Хилтон со емотивен гест за своите деца: „Да ме чувствуваат дури и кога не сум дома“
Познатата инфлуенсерка Парис Хилтон сподели серија фотографии и видеа со своите деца, откривајќи како, и покрај густата агенда, не заборава да помине квалитетно време со нив.
Препорачано
„Иако сум зафатена со проби за претстојните настапи, сакав Феникс и Лондон да имаат нешто што ќе ги потсетува на мене“, напиша Хилтон во описот на објавата.




Таа им подарила ќебе со нејзиниот лик, а во едно од видеата му го дава на својот син, прашувајќи го дали знае кој е прикажан. Без двоумење, Феникс одговара: „Мама“.
Да потсетиме, Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум, со кого се венчаа во ноември 2021 година, станаа родители во јануари 2023, кога преку сурогат-мајка го добија синот Феникс. Десет месеци подоцна, на ист начин ја добија и ќерката Лондон.
Тие биле пријатели 15 години пред да започнат романтична врска во 2019 година, а само три месеци подоцна се свршиле. Инаку, Картер веќе има ќерка од претходна врска со реалити ѕвездата Лора Белици.
Откако започна да објавува фотографии од својот син, Хилтон се соочи со негативни коментари, од кои некои се однесуваа на изгледот на детето. Некои дури коментираа дека Феникс има „голема глава“.
„Животот под рефлектори носи коментари, но кога тие се упатени кон моето дете, тоа е неприфатливо. Боли кога ќе ви го повредат најмилото. Се трудам мојот син да расте опкружен со љубов и прифаќање. Ако не објавувам фотографии, велат дека сум лоша мајка. Ако објавам, тогаш следат злобни реакции“, изјави Хилтон.
Таа нагласи дека е горда мајка и дека нејзиниот син е совршено здраво дете.
„Мајчинството ми беше сон уште од мала. Феникс е најголемиот благослов во мојот живот. Искрено се надевам дека луѓето ќе бидат пољубезни и поемпатични едни со други“, додаде таа.
ВИДЕО | Синот на Парис Хилтон сочно пцуе, а мајка му не може да се воздржи од смеење