И претходните две сезони Еурофарм Пелистер и ПСЖ беа во иста група. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пари Сен Жермен: Македонците сега се стремат кон плејофот, ќе мораме да бидеме сериозни

Трeта сезона по ред во Лигата на шампионите францускиот гигант е во иста група со Еурофарм Пелистер

По петочната ждрепка за групите во ракометната Лигата на шампионите, клубот Пари Сен Жермен преку својата интеренет страница меѓу другото коментира и за македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, анализирајќи ја Групата Б.

Трета сезона по ред францускиот и македонскиот шампион се во иста група и скрот е 4-0 за ПСЖ. Претстојната сезона за Еурофарм Пелистер стартува во Битола во дуел со ПСЖ (10/11 септември).

– Откако значително напредуваа во претходните две учества, нема сомнение дека Македонците сега се стремат кон обезбедување место во плејофот. Така ПСЖ го очекува нова „стапица“ следната сезона и ќе мора да биде сериозен за да ја продолжи серијата од четири победи – вели официјалното гласило на „светците“.

Минатата сезона пелистерци гостуваа кај ПСЖ во првото коло и изгубија со два гола негатива (31-29).

Во истата Група Б за претстојната сезона се и 12-кратниот рекорден шампион Барселона и актуелниот првак Магдебург.

ЛШ: Еурофарм Пелистер на стартот против ПСЖ според првичниот распоред

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот