Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата ги повика светските лидери да најдат решение за еколошката криза

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги повика светските лидери, кои в недела ќе се соберат во Глазгов на Самитот за климата СОР26, да донесат итни и ефикасни одговори на еколошката криза.

-Политичките носители на одлуки кои ќе се состанат на COP26 во Глазгов итно се повикани да дадат ефикасни одговори на актуелната еколошка криза и на тој начин да понудат конкретна надеж за идните генерации, рече папата.

Папата Франциск предупреди на „невидената закана од климатските промени за заедничкиот дом на човештвото”.

Самитот за климата во Глазгов ќе трае до 12 ноември.

Папата денеска ќе го прими американскиот претседател Џо Бајден, кој престојува во Рим, каде денеска и утре се одржуваат средби на претставници на Групата 20 индустриски најразвиени  земји во светот и земјите во развој – Г20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот