
Паника во Лос Анџелес: Дојава за бомба во куќата на Арнолд Шварценегер
Полицајците од Лос Анџелес реагирале на лажна дојава за бомба во домот на актерот и поранешен гувернер Арнолд Шварценегер во Брентвуд на Денот на благодарноста пред да дадат дозвала дека сè е безбедно, пишува „ЛА тајмс“.
Препорачано
Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес не можел да потврди дека полицајците реагирале токму на адресата на куќата на Шварценегер, но навел дека во четвртокот околу 10:30 часот бил пријавен сомнителен пакет на истата улица во елитната населба Брентвуд, каде што живее познатиот актер и поранешен Мистер Универзум.
„Утврдено е дека нема докази за експлозивни направи“, рекол полицаецот Кевин Терзес за реакцијата на полицијата.
Американскиот портал Ти-ем-зи прв извести за инцидентот, карактеризирајќи го како „swatting“, практика во која сторителите користат лажни изговори за да предизвикаат итна полициска реакција против жртвата.
Терзес не можел да даде информации за лицето кое го упатило повикот.
Портпаролот на Арнолд Шварценегер одбил да коментира.
Шварценегер во моментот на инцидентот бил во теретана, според извор близок до ситуацијата, кој не бил овластен да зборува јавно.
Арнолд Шварценегер долго време живее во Брентвуд и се најде на насловните страници минатата година кога лично реши да закрпи некои дупки во соседството – потег што градот не го одобри, велејќи дека барем една од закрпените дупки е наменета за работа што требаше да биде изведена од „Саутерн Калифорнија гас ко“ (Southern California Gas Co).
Шварценегер беше избран за гувернер во 2003 година по импичментот на тогашниот гувернер Греј Дејвис, отслужувајќи два мандати и повремено патувајќи со приватен авион меѓу Брентвуд и Сакраменто.
ФОТО | „Мојот брат“: Арнолд Шварценегер објави слика со Дени Девито и најави нова соработка
ФОТО | Шварценегер со серија фотографии му го честиташе роденденот на Сталоне: Ти си легенда!