Елиф Елмас („Торино“)/фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Пандев за Елмас: Тој сè уште може да се подобри, Торино е совршен клуб за него

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во јануари дојде на позајмица во Торино од редовите на Лајпциг. Нашиот играч веќе го привлече вниманието, за 180 минути на теренот игра веќе има два голови од три настапи во дресот на „биковите“ против Болоња и Монца во Серија А.

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев во интервјуто за „Гаѕета“ кажа дека не е изненаден од првите добри настапи на Елмас за Торино.

– Го очекував тоа бидејќи Торино е совршен клуб за него. Веќе му оди добро и се надевам дека ќе продолжи вака, сигурен сум дека може да се подобри уште повеќе. Во Лајпциг не се чувствуваше сигурен, не играше постојано. Сега кога пристигна во Италија е добро, можете да го видите тоа – рече Пандев.

Пандев го советуваше Елмас да оди во Торино.

– Да. Бев во Германија, се сретнавме во Лајпциг, вечеравме заедно и успеавме да разговараме. Му реков веднаш да прифати бидејќи Торино е голем клуб, важно место, идеално за него. Тој исто така веќе го знаеше италијанското првенство.

Елмас претходно во Италија пет настапуваше за Наполи со кој стана и шампион на Серија А во сезоната 2022-23.

Пандев вели дека има простор за дополнително подобрување во играта на Елмас.

– Играше во многу улоги во последните години. Го гледавме како крилен напаѓач, играше и како офанзивен играч за врска, додека јас играв како напаѓач, го имав покрај мене и како напаѓач. Тој може да трча секаде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот