Пакистанскиот медиумски регулатор ја блокираше платформата „Х“

Фото: EPA-EFE/BILAWAL ARBAB

Луѓето во пакистанскиот град Карачи реагираа на одлуката на пакистанските медиумски регулатори да ја блокираа платформата „X“. Тие велат дека „секој има право на слобода на изразување“.

Дел од нив тврдат дека бизнисите кои ги имаат им зависат токму од оваа платформа, и сметаат дека таа веднаш треба да биде вратена.

Од палестинската управа за телекомуникации за сега без коментар за прекинот, а коментар нема ниту од владините претставници.

Активистите за човекови права побараа целосно обновување на интернет услугите и пристап до социјалните медиуми.

Вашингтон, исто така, го повика Пакистан да ги укине ограничувањата за „Х“.

Прекинот првпат беше регистриран изминатиот викендот кога политичката партија на пакистански премиер Имран Кан најави протести против, како што вели, наместените парламентарни избори на 8 февруари.

Платформите на социјалните мрежи често се користат од организаторите на протестите за да ги повикаат следбениците на улица и да ја шират веста за планираните демонстрации.

Пакистан беше сведок на зголемување на политичката нестабилност по гласањето.

Телото за надзор на изборите во земјата ги негира обвиненијата на партијата на Кан дека гласовите биле украдени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот