Пајак крева коли кај ГТЦ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Пајаците“ на ПОЦ креваат „како на норма“ – за една недела однеле 130 автомобили

Вкупно 132 непрописно паркирани возила подигнале „пајаците“ на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

Оттаму велат дека се работело за возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, а тие биле подигнати во соработка со сообраќајната полиција-Скопје.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот