Падна предлог да се стопира растот на функционерските плати

Пари плати хонорари к15 / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители и другите избрани и именувани функционери нема да добијат ново покачување на платите во износ од 300 до 500 евра доколку бидат прифатени предлог измените не 6 закони предложени од СДСМ со кои се бара стопирање на процесот на раст на функционерските плати.

Од партијата со став нивните примања не треба повторно да пораснат. Според предлог измените кои се однесуваат на оваа проблематика се бара намалување на коефициентот според кој се пресметуваат колкави ќе бидат нивните примања, што пак според партијата е единствено уставно решение со кое платите нема да им се намалат но ќе останат на сегашното ниво.

Јавноста речиси цела година се брануваше по одлуката на Уставен со која се укина фиксната основица за правење пресметки по што примањата на оваа категорија пораснаа за речиси 80 отсто, што предизвика и голем револт кај граѓаните.

Токму оваа одлука беше причина за голем број штрајкови и протести со слични но поскромни барања за покачување на платите и на останатите вработени во јавната администрација од пониските ешалони.

Со сегашниот предлог на СДСМ се предвидува намалување на коевициентите на претседателот на државата, претседателот на парламентот и премиерот, како и на пратениците чии плати изминатиот период изнесуваа околу 2.500 евра. Од сегашните 4,50 предлогот е нивниот коефициент да бида намален на 3,91.

ВМРО-ДПМНЕ начелно ја поддржува идејата да се бара решение за ограничување на платите. Но, конкретните забелешки ќе ги каже кога ќе го види текстот на предложените измени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот