
Падна договор, Фјури и Вајт ќе боксуваат на 23 април
Тајсон Фјури титулата во ВБЦ верзијата во супертешка категорија ќе ја брани на 23. април против предизвикувачот Дилијан Вајт.
Препорачано
Вајт можноста да го предизвика Фјури за титулата ја доби по победата над Александер Поветкин.
Иако желбата на шампионот Фјури беше бокс мечот да се одржи во Кардиф на „Милениум“ стадионот, сепак борбата ќе се одржи на „Вембли“ во Лондон.
Тајсон Фјури во септември минатата година го нокаутира Дионте Вајлдер и ја одбрани тутулата во ВБЦ верзијата, а иако сите фанови очекуваа негов меч со Ентони Џошуа за обединување на шампионските појаси во супертешка категорија, плановите пропаднаа поради Oлександр Усик. Украинецот го нокаутира Џошуа и му ги презеде титулите.
Најголем проблем во договорот помеѓу Фјури и Вајт беше распределбата на парите. Фјури и неговиот тим бараа поделба на хонорарот 80:20 во корист на шампионот, но на тоа не се согласи Вајт.
Според правилата а ВБЦ, поделбата на хонорарот максимално треба да изнесува 55:45 во корист на еден боксер. Но, аргументите на Фјури и на неговиот тим беа дека тој е далеку поголема ѕвезда и треба да добие повеќе пари.
На крајот, неколку часа пред истекот на рокот, Вајт го потпиша договорот според кој заработи околу осум милиони долари, додека на Фјури ќе му припадна нешто помалку од 33 милиони долари.