Пациент тврди дека директор на клиника го нападнал, директорот негира

33-годишниот Марко Јосифовски, пациент кој страда од коагулопатија, тешка форма на хемофилија, обвинува дека бил физички нападнат од.економскиот директор на Институтот за трансфузиона медицина, Венко Стомнароски.

Како што тврди Јосифовски, нападот се случил откако повеќепати одел во канцеларијата на директорот за да бара лек за неговата болест.

– Моите проблеми започнаа на 9 септември. Од 10-ти почнав да одам во неговата канцеларија бидејќи шефот на Центарот за хемофилија во состав на трансфузиологија, Виолета Дејанова, одби да ми даде доволна количина од лекот што го примам, фактор 9 рекомбинант бенефикс. Како причина ја наведе недоволна колична на лекот за да ми се дозволи операција, односно како што рече, ако мене ми дадат од лекот, ќе нема за другите пацциенти што страдаат од хемолфилија. Но тоа не е евистина затоа што од 400 000 единици набавени годишно на тендер, таа тврдеше дека имаат околу 200 000 во текот на 9от месец од годината, што значи дека имаат половина во 9от месец од годината. Ова се информации кажани од шефот на одделот, по што јас добив впечаток дека не сакаат да ми помогнат, вели пациентот.

Тој додава дека, подготвувајќи се за операцијата, успеал да ослабне дури 14 килограми бидејќи тежината игра голема улога за тоа колкава количина од лекот ќе биде потребна.

– Препорака за операција првпат добив пред седум години и тоа од истиот ортопед како и сега, свесен дека здравјето ми се влошува. Успеав да ослабам дури 14 килограми за да може да се изведе операција, а килажата игра најголема улога во пресметката за тоа колкава количина од лекот ќе ми биде потребна. Економскиот директор ми тврдеше дека ќе ја повика Дејанова и ќе се договорат заедно да ми го одобрат лекот. Јас му укажував дека ако одеднаш ми даде поголема количина од лекот, крварењата ќе престанат. Операцијата се вика ласерска синовектомија, а со неа ќе се отстранат шилци, диви коски, цисти, едем и синовит. Петпати одев кај него, тој ме лажеше дека докторката не е таму, измислуваше оправдувања, на крај ми кажа дека немаат доволна количина од лекот, по што ме избрка од канцеларијата пред сведоци и ми рече дека следен пат ќе ми дозволи влез во неговата канцеларија само ако дојдам со личен психијатар“, раскажува Јосифовски.

„Утредента отидов со психијатар и повторно не ме прими, а  на психијатарот му ја повтори истата приказна и лага. Му барав документ за да барам донации од фармацевтски компании и лекување во странство од ФЗОМ и од МЗ кој не сакаше да ми го издаде и почна прво вербално а потоа и физички да ме напаѓа. При нападот ми нанесе телесни и тешки телесни повреди и контузии од кои ми се создадоа внатрешни крварења – хематоми. Едниот од хематомите прогресираше на многу полошо, се шири, се стврднува и ме става во животна опасност бидејќи конкретно тоа внатрешно крварење – хематом е на натколеницата, бутот и задната ложа, а тоа е најголемиот мускул во телото и може експоненцијално многу да расте. Поради ова бе хоспитализиран и примав супституциона терапија. Од завчера вечер сум бев без терапија 48 часа и вечерва пак сум без терапија. За да ме отпуштат од болница вршеа притисок на најмладиот радиолог во Радиологија под туѓ факсимил да не забележи хематоми. Обвинителството не сака да го прифати и превземе случајот бидејќи има и повеќе од доволно елементи за да не биде прекршок, туку кривично дело“, вели Марко, кој е и коосновач на здружение на хемофиличари.

Економскиот директор Венко Стомнароски ги негира обвинувањата дека го нападнал пациентот.

„Пациентот Марко Јосифовски го добива лекот во неопходните количини, но за да се оперира треба да одлучи Комитетот. Од друга страна, за време на операцијата ќе биде потрошена голема количина од лекот, што потоа ќе претставува опасност од недостаток за другите пациенти. Јас и шефот на Центарот за хемофилија во состав на Трансфузиологија, Виолета Дејанова, му објаснуваме дека во моментов не е можно да се одобри толкава количина од лекот за која одлука носи комитетот, но тој продолжува со барањата. И покрај тоа, никогаш не сум го допрел, а не пак да го удрам, секогаш кога доаѓаше во мојата канцеларија буквално го молев да ме разбере и да продолжи да ја прима терапијата. Денеска во Центарот за хемофилија повторно имавме огромни проблеми. Пациентот повторно направи голем скандал. Тој вели: Дајте ми потврда дека немате од лекот, но ние имаме од лекот, ама не колку што тој бара“, вели Стомнароски.

Тој објаснува дека набавката на лекот чини многу средства, а Министерството за здравство ја прави набавката. Овој лек го користат околу 200 пациенти во државата.

– Ние сме барале и од Фондот да се набави поголема количина од лекот, но поради долгот на државата кон веледрогериите не може да се набави поголема количина од лекот, додава економскиот директор на Институтот за Трансфузиона Медицина при ЈЗУ Клинички Центар Мајка Тереза – Венко Стомнароски.

Тој нагласува дека за да се провери дека Марко Јосифовски не е нападнат може да се провери и од полициските извештаи на полициски службеник кој ги земал од сведоците кои биле присутни.

– И самиот Марко не даде изјава тогаш, туку наредниот ден. Но, што го мотивира да го прави ова ,,е за анализа ” вели Стомнароски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот