Фото: Pexels

Овој хрватски град е прогласен за најсигурен во Европа!

Хрватскиот бисер на Јадранот, Дубровник, е прогласен за најбезбеден град во Европа според истражување на туристичката компанија „Ривиера травел“. Анализата ги опфатила актуелните нивоа на криминал и нивниот пораст во последните пет години, врз основа на што бил составен вкупен индекс на безбедност, пишува британскиот „Експрес“.

Со резултат од 44,14 поени, Дубровник се најде на врвот на листата. Податоците од „Нумбео“ покажуваат дека градот има „многу низок“ степен на криминал – само 8,76 поени, а растот на криминалот во изминатите пет години е 35,38 поени, што се смета за ниско ниво.

Покрај тоа што е безбеден, Дубровник е и една од најпознатите туристички дестинации во регионот. Со својата средновековна архитектура, старото градско јадро под заштита на УНЕСКО и импресивните ѕидини, градот привлекува илјадници посетители од целиот свет.

На второто место на листата е Талин, главниот град на Естонија, со 55,81 поен. И овој град е под заштита на УНЕСКО и нуди уникатна комбинација на историја, култура и безбедна атмосфера.

Варшава, главниот град на Полска, се пласираше на третото место со 60,19 поени, задржувајќи „многу низок“ степен на криминал, и покрај умерениот пораст во последните години.

Во првите пет се најдоа и Прага (60,88 поени) и Краков (64,31 поен) – градови со богата историја, архитектонски ремек-дела и статус на културни центри под заштита на УНЕСКО.

Листата на десетте најбезбедни градови во Европа ја заокружуваат Амстердам, Минхен, Рејкјавик, Цирих и Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот