Фото: Pixabay

Овие два вообичаени додатоци во исхраната можат да го забават стареењето

Стареењето не можеме да го запреме, но се чини дека сепак можеме малку да го забавиме, барем однатре. Според новото истражување објавено во престижното списание „Природно стареење“ (Nature Aging), комбинацијата на два добро познати додатоци во исхраната – омега-3 масни киселини и витамин Д – би можела да го забави биолошкото стареење, пишува „Јаху“ (Yahoo).

Не станува збор за кремови или третмани. Ова се случува на ниво на ДНК.

Што е биолошка возраст воопшто?

Хронолошката возраст е едноставна – тоа е бројот на свеќи на тортата. Но, биолошката возраст кажува како всушност старееме однатре – како функционираат нашето срце, мозок и клетки. И додека на хронолошката возраст не можеме да влијаеме, можеме да влијаеме на биолошката возраст – преку исхрана, движење, спиење… и очигледно, суплементи.

Научниците го мереле стареењето на ДНК

Во истражувањето учествувале постари возрасни, 777 од нив, а научниците ја следеле метилацијата на ДНК – процес што често се користи како маркер за биолошката возраст. Еден примерок зеле на почетокот, а другиот три години подоцна.

Групата што земала омега-3 (1000 мг) и витамин Д (2000 ИУ) имала значително побавно биолошко стареење во споредба со оние што не земале ништо.

Колку побавно?

Во просек, забавувањето на биолошката возраст било од три до четири месеци во текот на три години. Не е огромно, но ако земеме предвид дека дејството може да се акумулира.

Уште подобро, кога омега-3 и витамин Д се комбинираат, резултатите се уште подобри отколку кога се земаат поединечно.

И тоа не е сè…

Ова истражување е дел од поголема студија за здраво стареење. Дополнителниte анализи покажаа дека додатоците со омега-3 масни киселини го намалиле бројот на инфекции за 13 отсто и ризикот од физички падови кај постарите лица за 10 отсто, а комбинацијата со вежбање и витамин Д го намалила ризикот од смрт за 39 отсто и ризикот од рак за 61 отсто.

Зошто токму омега-3 и витаминот Д се толку моќни?

Омега-3 масните киселини, особено ЕПА и ДХА што се наоѓаат во риби како лосос, сардини и скуша, се познати по своите антивоспалителни својства. Тие му помагаат на срцето, мозокот и штитат од болести што доаѓаат со годините.

Проблем? Речиси 90 отсто од луѓето не внесуваат доволно од нив. И затоа експертите сè повеќе препорачуваат додатоци во исхраната – бидејќи за омега-3 да делува терапевтски, треба да се внесува најмалку 1.000 мг од нив дневно.

Витаминот Д е уште еден суперхерој. Неговиот недостиг е поврзан со лошо здравје на коските, послаб имунитет и зголемен ризик од хронични заболувања. Исто така, делува на речиси сите клучни механизми на стареење.

Но, околу 40 осто од возрасните имаат премногу ниско ниво на витамин Д, а идеалното ниво (за оние кои сакаат тоа да го сфатат сериозно) е над 50 нг/мЛ – што најчесто не може да се постигне без суплементација.

Заклучок?

Ако веќе земате омега-3 и витамин Д – продолжете. Ако не, можеби е време да размислите. Бидејќи како што поминуваат годините, вашата ДНК може да старее побавно отколку што мислите.

Секако, додатоците во исхраната не се магична формула. Но, како дел од пошироката слика – со здрава исхрана, вежбање и добар сон – тие навистина можат да помогнат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот