Овен Купер / Фото: Frederic J. Brown / AFP / Profimedia

Овен Купер испиша историја: Главниот актер од серијата „Адолесценција“ е најмладиот добитник на наградата Еми

77-мото доделување на наградите „Еми“ се одржа во Лос Анџелес. Ѕвезда на вечерта беше 15-годишниот Овен Купер, кој се здоби со слава со својата главна улога во серијата „Адолесценција“.

Купер ја освои наградата за главен актер во гореспоменатата серија, што го прави најмладиот добитник на наградата „Еми“.

Тој вели дека кога почнал да посетува часови по драма, никогаш не очекувал да биде во САД, „а камоли тука“.

„Пред околу три години бев ништо, а сега сум тука. Излезете малку од вашата зона на удобност, кого го интересира ако се засрамите“, рече тој при примањето на наградата.

Доделувањето на Еми наградите беше голема вечер за емисии како „Адолесценција“, „Студиото“ и „Пит“, кои освоија дел од наградите.

Серијата „Адолесценција“ освои шест награди, од кои едната беше за најдобра мини-серија.

Стивен Греам, кој ја освои наградата за најдобар актер, зборуваше за сетот и снимањето на серијата и рече дека најважно за него е што сите биле еднакви во текот на целиот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот