Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ова е најгледаната серија на Нетфликс: Родителите ја препорачуваат иако е тешка

Во текот на изминатите неколку дена една серија привлече особено внимание на гледачите во целиот светот, а е најгледана на платформата Нетфликс.

Серијата „Адолесценција“ (Adolescence) е најгледана на Нетфликс, според веб-страницата „Фликспатрол“ (Flixpatrol). Станува збор за британска криминалистичка драма, а се занимава со многу важни теми, врсничко насилство и влијанието на социјалните мрежи врз децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by “Lady Effie” (@ladyeffie_podblog)

Тешка и напната

По објавувањето на серијата, веќе имаше многу коментари, луѓето ја препорачуваат по социјалните мрежи, особено оние што се родители, нагласувајќи дека „не е лесна за гледање“.

По своето деби во четири епизоди во четврток, 13 март, „Адолесценција“ имаше 24,3 милиони прегледи до недела, 16 март, што ја прави најгледана ТВ серија на Нетфликс во текот на неделата на 10 март.

За што станува збор во серијата „Адолесценција“?

Дејствието на серијата го следи 13-годишното момче Џејми Милер (Овен Купер), кое е уапсено поради убиство на тинејџерка од неговото училиште.

Стивен Греам во серијата го игра Еди Милер, таткото на момчето. Она што е интересно за оваа серија е што секоја од четирите епизоди е снимена во еден континуиран кадар, додека дејството се одвива во реално време, пишува „Дедлајн“.

Заедно со Греам и Купер, остатокот од актерската екипа на оваа напната серија ги вклучува Феј Марсеј, Кристин Тремарко, Марк Стенли, Џо Хартли и Амели Пис.

Серијата сега е оценета со одлични 8,4 од 10 на ИМДб, додека на Ротен Томатос има највисока оценка од 100 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот