Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Ова би било спектакл: Мбапе прифати трка на 100 метри со Болт!

Французинот Килијан Мбапе денеска се огласи и одговори дека е подготвен да излезе на патеката и спринтерски да ги одмери своите сили славниот пензиониран атлетичар, Јусеин Болт кој се уште е сопственик на светскиот рекорд на 100 метри.

Мбапе е свесен дека Болт е побрз од него, меѓутоа не се плаши да излезе на трка.

„Болт е еден голем шампион и му се восхитувам на се што направи. Не го велам ова затоа што зборуваше убаво за мене неодамна, тука навистина мислам така. Дефинитивно тој е еден од најголемите спортисти во историјата. Ја видов неговата изјава дека би сакал да застанеме на линијата. Секако е побрз од мене и би победил без проблем, но ќе биде забавно“, изјави Мбапе.

Рекордот кој го држи Болт е време од 9.58 секунди и го носи епитетот најбрз човек во историјата, додека Мбапе најбрзо на фудбалскиот терен тоа растојание го истрчал за 10.9 секунди. Во овој момент нема најави кога трката би се одржала.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!