Отворен телефонски број за донации за настраданите од пожарите

Црвен крст на Република Северна Македонија соопшти дека отвориле жиро-сметка и телефонски броеви на Македонски Телеком и А1 за донации за настраданото население од пожарите, како и СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП).

-ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст. Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните. Отворени телефонски линии за прва психолошка помош: Скопски регион 072/271-048; Пелагониски регион 047 / 236-019; Југозападен и полошки регион 072 / 239-051 и 072 / 239-077; Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691; Вардарски регион 043/231537, посочуваат од Црвен крст.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ – 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.

Граѓаните можат да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Од Црвениот крст посочуваат дека се активно вклучени во операцијата со справувањето со пожарите во државата. Преку своите мобилните тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.

При теренските активности дистрибуирани се 200 пакети со храна и 200 за хигиена, 20 тони вода за силите кои гасат во зафатените региони со пожари. Посочуваат дека поставени се танкови – системи за полнење на хеликоптери со вода кој го скратува времето за гасење пожар со вкупен капацитет од 8.000 литри со постојано надополнување, опслужувани од тимови од републичкиот Црвен крст и тимови од локалните самоуправи во соодветните региони.

Црвениот крст на РСМ упатува благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот