Отворен Почесен конзулат на Македонија во Анталија

Фото: МНР

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи по учеството на Анталија дипломатскиот форум, го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија со седиште во Анталија, Република Турција, соопштија денеска од МНР.

Почесниот конзул, Али Кизилда, како што се наведува во соопштението, e реномиран член на анталиската деловна заедница со 35 години искуство во сферата на туризмот.Во поздравното обраќање Османи потенцирал дека Северна Македонија и Турција имаат голем потенцијал за унапредување на економската соработка и зајакнување на бизнис-врските.

Има можности кои треба максимално да се искористат и на државно ниво и од бизнис-заедниците. Меѓу нашите главни цели со отворањето на Почесниот конзулат во Анталија е постигнување на посакуваното ниво на економска и туристичка соработка како и промоција на бизнис можностите за инвестиција во Северна Македонија, истакнал Османи.

Според Османи отворањето на Почесниот конзулат ќе биде дополнителен поттик за подобрување на економската соработка во различни области бидејќи регионот на Анталија е еден од најразвиените индустриски, туристички и земјоделски центри.

– Многу наши туристи доаѓаат во Анталија, но уште повеќе туристи од Турција доаѓаат во Северна Македонија. Веќе неколку години Турците се најбројни туристи во нашата земја за што потребно е натамошно промовирање на двете дестинации, нагласил Османи.такнал Османи.

Во Конзулатот, Османи остварил средба со наши истакнати државјани во Турција, добитници на МКарта на кои им ги врачил истите и им изразил благодарност за покажаниот интерес за проектот и за одржување на врските со нашата земја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот