Фото: МИА

Отворен ден на Армијата на Воениот стадион во Скопје

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Армија на Република Северна Македонија АРМ/Фото: Министерство за одбрана

На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин.

Оружје на АРМ / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески

Граѓаните на Скопје ќе можат да го посетат отворениот ден на кој покрај изложените воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња, како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар.

Оттворен ден на АРМ

Армиските припадници ќе ги запознаат граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженерските единици и повеќе видови на воени возила.

Меѓу изложените ќе бидат и најновите JLTV оклопни возила, Кобра, армиски хеликоптер МИ/17 и машина – робот за пронаоѓање експлозивни направи.

АРМ

На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, ќе бидат претставени професијата воен пилот и можностите за прием во Армијата како професионални војници, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот