
Откриено кои физички активности трошат најмногу енергија: Разликата може да биде и до 60 отсто
Качувањето по скали и одење со брзо темпо во кратки експлозивни интервали им овозможува на луѓето да трошат од 20 до 60 отсто повеќе енергија отколку ако ја извршуваат истата физичка активност континуирано на исто растојание. Ова го утврди тим патофизиолози од Универзитетот во Милано.
Препорачано
Научниците, за целите на студијата објавена во „Proceeding of the Royal Society B“, побараа од волонтерите да одат на лента за трчање или да се качуваат по скали додека ја следат нивната потрошувачка на кислород, известува „Phys.org“.
Истражувачите забележуваат дека достапните податоци за потрошувачката на енергија обично се достапни за активности кои се вршат со метаболички стабилно темпо, кое се утврдува дури по одредено време. Тие се прашувале дали има разлика ако луѓето постојано ги извршуваат овие физички активности во кратки интервали. За да дознаат, тие регрутирале 10 волонтери.
Волонтерите оделе на лента за трчање или се качувале по скали со различно темпо и во различни временски периоди. Некогаш тоа траело 10 секунди, некогаш и до 4 минути. Цело време носеле маски кои го мереле внесот на кислород, што значи дека ја мереле и потрошувачката на енергија.
Истражувачите откриле дека волонтерите трошат повеќе енергија ако започнат и прекинат некоја активност, повеќе отколку кога се занимаваат со постојана активност. И во двата случаи поминале исто растојание.
Причината за тоа, додаваат тие, е што телото користи повеќе енергија за да се подготви за активноста и да го достигне темпото отколку откако ќе се достигне темпото. Тие го споредија со автомобил кој троши повеќе бензин за палење отколку подоцна во возењето.
Понатамошните текстови покажаа дека тренирањето во кратки интервали води до поголема потрошувачка на енергија од 20 до 60отсто. Затоа тие препорачуваат луѓето да ги изведуваат вежбите во експлозивни кратки интервали.