Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Откриени гласовите во трката за МВП: Јокиќ не бил ни блиску до победа, но израмни рекорд на Лери Бирд

Никола Јокиќ по петти пат по ред се најде меѓу двајцата кошаркари со најмногу гласови во трката за МВП признанието во регуларната сезона, достигнување кое досега во историјата на НБА го има постигнато само легендарниот Лери Бирд.

Сепак, српскиот кошаркар остана без престижниот трофеј „Мајкл Џордан“, кој замина во рацете на Шеј Гилџес-Александер, репрезентативецот на Канада и лидер на Оклахома Сити Тандер.

Иако во финалниот круг на гласање беа тројца кошаркари, Јокиќ, Гилџес-Александер и Јанис Адетокумбо, уште тогаш беше јасно дека главната битка ќе се води меѓу Србинот и Канаѓанецот, без оглед на импресивната сезона на Гркот со Милвоки Бакс.

Гласањето го спроведе панел составен од 100 кошаркарски експерти, кои ги рангираа петте најдобри според сопствена проценка. Секоја позиција носеше различен број поени – првото место најмногу, па сè до петтото, најмалку.

На крајот, Гилџес-Александер славеше со убедливи 913 поени, додека Јокиќ собра 787. Особено впечатлива е разликата во гласовите за прво место, 71 глас за Гилџес-Александер, 29 за Јокиќ. Интересен е фактот дека ниту еден друг кошаркар не доби глас за прво место.

Зад Јокиќ на листата следуваат: Јанис Адетокумбо, Џејсон Тејтум, Донован Мичел, Леброн Џејмс, Кејд Канингем, Ентони Едвардс, Стеф Кари, Џејлен Брансон, Џејмс Харден и Еван Мобли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот