
Откриена причината зошто Харисон Форд се откажа од улогата на презентер на Оскарите
Харисон Форд се повлече од улогата на презентер на Оскарите во 2025 година поради вирусна инфекција.
Препорачано
Претставникот на актерот во саботата за магазинот „Пипл“ потврди дека на 82-годишниот Форд во петокот му била дијагностициран херпес зостер. Во саботата наутро тој го откажа планираното појавување на церемонијата.
Ѕвездата на „Индијана Џонс“ го имаше своето последно појавување на наградите Screen Actors Guild 2025 во Лос Анџелес во неделата, 23 февруари – без неговата сопруга Калиста Флокхарт, која, како што изјави тој за „Пипл“, била зафатена во Њујорк, глумејќи во претставата „Проклетството на класата што гладува“ (Curse of the Starving Class) на покојниот Сем Шепард.
Говорејќи за „Пипл“ на црвениот тепих, Форд откри дека особено ужива во интеракцијата со фановите на серијата „Shrinking“.
„Не знаев како ќе испадне, но се претвори во нешто многу посебно за мене“, изјави Форд.
Тој додаде: “Многу сум трогнат од начинот на кој обожавателите на шоуто ми приоѓаат. Тие само сакаат да кажат дека им се допаѓа. Не сакаат ништо. Не сакаат фотографија, не сакаат автограм. Само сакаат да ја споделат радоста од она што го правиме”.
И покрај отсуството на Форд, Оскарите сепак ќе бидат полни со ѕвезди. Претходно најавените презентери се Селена Гомез („Емилија Перез“), Џо Алвин („Бруталист“), Лили-Роуз Деп и Вилем Дафо („Носферату“) и Кони Нилсен („Гладијатор II“).
На сцената ќе се појават и Опра Винфри, Стерлинг К.Браун, Ана де Армас, Бен Стилер, Ник Оферман, Голди Хоун, како и минатогодишните оскаровци Роберт Дауни Џуниор, Силијан Марфи, Да’Вајн Џој Рендолф и Ема Стоун, а домаќин на наградите ќе биде Конан О’Брајан.