Фото/Knauber et al., Zoosystematics and Evolution 2025 (CC BY 4.0); modified by IFLScience

Откриена е уште една тајна на мрачните длабочини: „Новиот вид го нарековме Хад, по богот на мртвите…“

Името на грчкиот бог на мртвите послужило како инспирација за суштествити што научниците го открија во длабочините на Тихиот Океан. Станува збор за сосема нов вид на изопод наречен Haploniscus hades.

Тоа е прилично соодветно име со оглед на тоа каде живее Хад. Како најдлабок дел од океанот, Курилско-камчатската бразда е приближно блиску до подземјето колку што што може да се стигне – темно е, студено и преполно со суштества со чуден изглед со различни необични телесни адаптации на таа екстремна средина.

Многу од овие необични суштества се исто така „криптични“ – тие припаѓаат на видови кои, барем што се однесува до изгледот, неверојатно тешко се разликуваат едено од друго. Ова го вклучува Haploniscus hades. Досега се сметаше дека се работи за сосема поинаков вид, Haploniscus belyaevi, првпат опишан во 1963 година.

Меѓутоа, благодарение на современите техники – вклучувајќи ги и првите геномски податоци за оваа посебна фамилија на длабокоморски изоподи – научниците сега успеаја да утврдат дека она што изгледало како Haploniscus belyaevi е всушност група од најмалку шест видови изоподи.

Во таа група сè уште четири нови видови, сите именувани по ликови од грчката митологија.

Haploniscus hades не е наречен така само поради тоа колку длабоко живее, туку делумно и поради тоа како ги крие додатоците на опашката, нешто што ги потсетило истражувачите на капата на невидливост на Хад.

Тука е и Haploniscus apaticus, именувана по Апата, божицата на измамата. Истражувачите објаснуваат дека „новото име се однесува на недостатокот на изразен сексуален диморфизам на овој вид, поради што до неодамна се криеше меѓу сродните видови“, пренесува IFL Science.

Студијата е објавена во списанието Zoosystematics and Evolution.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот