
Откриен можен клуч за слабеење, мозокот комуницира со масните клетки
Истражувачи неодамна идентификуваа сензорни неврони кои пренесуваат пораки од масното ткиво до мозокот.
Препорачано
„Откривањето на овие неврони за првпат покажува дека мозокот активно го набљудува салото, наместо само пасивно да прима пораки за него“, вели ко-авторот на студијата д-р Ли Ји од Катедрата за хемија и хемиска биологија и вонреден професор по невронаука на Институтот Scripps Research.
Студијата објавена во списанието „Природа“ откри дека мозокот може директно да испраќа пораки до масното ткиво и да влијае на метаболичките процеси на телото.
Предводени од тим од Институтот Scripps Research, авторите Ји и Ардем Патапутијан развија два нови методи за проучување на односот помеѓу сензорните неврони и масното ткиво. Прво, тие користеле пристап наречен „ХИБРиД“, кој го направи ткивото на глувчето транспарентно и им овозможи да ги следат патиштата на невроните низ масното ткиво.
Преку овие експерименти, истражувачите открија дека речиси половина од овие неврони не се поврзуваат со симпатичкиот нервен систем – мрежата на нерви што телото ја користи за одговорот „бори се или бегај“ – туку се поврзани со областа на мозокот од каде потекнуваат сите сензорни неврони, кои се одговорни за активирање и испраќање сигнали до остатокот од нервниот систем за информациите што ги добиле.
Кога комуникацијата со сензорните неврони била „замолчена“, симпатичкиот нервен систем почнал да ги претвора белите масни клетки во кафеави, кои потоа можеле да ги согоруваат калориите преку процес наречен термогенеза. Така, дошло до забрзан процес на согорување на маснотии во телото.
Пред студијата, истражувачите верувале дека нервите во масните наслаги главно припаѓаат на симпатичкиот нервен систем и дека служат за согорување на маснотиите кога телото е под стрес или во текот на вежбање. Поучени од резултатите од ова истражување, тие шпекулираат дека два спротивставени нервни сигнали можат да работат заедно со симпатичкиот нервен систем за согорување на маснотиите.
„Тимот сè уште не знае точно кои пораки сензорните неврони ги пренесуваат во мозокот од масното ткиво, само дека врските и комуникациите се клучни за одржување на здрави масти“, објаснил тој, пишува „Саенс дејли“.