Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Откажана премиерата на новиот филм на Џенифер Лопез поради разорниот пожар во Лос Анџелес

Премиерата на филмот на Џенифер Лопез, „Unstoppable“, во продукција на нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Бен Афлек, беше откажана поради големиот пожар што беснее низ Лос Анџелес. Премиерата на филмот требаше да се одржи во театарот ДГА, но ненадејно беше откажана во последен момент.

„Поради денешната загриженост за безбедноста поврзана со зголемената активност на ветерот и шумските пожари во Лос Анџелес, ја откажуваме премиерата“, изјави претставник на Amazon MGM Studios за „Пипл“.

„Додека со нетрпение очекувавме да го прославиме овој прекрасен и инспиративен филм со вас, безбедноста е наш приоритет број еден. Ви благодариме за разбирањето и ве молиме да останете безбедни“, се вели во соопштението.

Инаку, „Unstoppable“ е спортска драма базирана на вистинска приказна што Лопез ја продуцирала со нејзиниот поранешен сопруг Афлек и неговиот најдобар пријател Мет Дејмон. Филмот е базиран на истоимената автобиографија и ја следи приказната за Ентони Роблс, кој е роден со една нога и во 2011 година победи на националното првенство во колеџ борење. Лопез во филмот ја игра мајката на Роблс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот