Фото: West Ham United

Отказ во Премиер лигата: Грем Потер остана без клуб

Екипата на Вест хем денеска и официјално ја прекина соработката со тренерот Грем Потер, кој повеќе нема да биде на клупата на лондонскиот клуб.

Од клубот појаснуваат дека резултатите и настапите под водство на Потер не ги оправдале очекувањата, особено во вториот дел од минатата сезона и почетокот на тековната сезона, поради што била донесена одлука за променан а клупта.

Заедно со Потер си заминува и целиот негов стручен штаб, а од „чеканите“ најавуваат дека процесот за избор на нов шеф на стручниот штаб е веќе започнат.

За Потер, ангажманот во Вест хем беше враќање на англиската сцена по пауза од речиси две години. Претходно го водеше Челси, а најголем впечаток остави во Брајтон, каде работеше од 2019 до 2022 година. Во својата тренерска кариера работеше и во Лидс, Свонси, како и во шведскиот Остерсунд.

Вест хем ќе го одигра својот следен натпревар од ова коло ќе го игра во понеделник, кога ќе му гостува на Евертон.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот