Дени Мастерсон и Бижу Филипс
Дени Мастерсон и Бижу Филипс во 2016 година / Фото: / Shutterstock Editorial / Profimedia

Откако доби 30 години затвор за силување: Сопругата се разведува од Дени Мастерсон

Американската актерка Бижу Филипс поднесе барање за развод на бракот со Дени Мастерсон, актерот кој беше обвинет за силување и за сексуален напад од страна на три жени, а судот го прогласи за виновен и го осуди на 30-годишна затворска казна.

Филипс и Мастерсон, кој се прослави со улогата Стивен Хајд во хумористичната серија „That ’70s Show“, беа во брак 12 години и имаат 9-годишна ќерка.

Ниту таа, ниту тој не ја искоментираа нејзината одлука.

Дени Мастерсон и Бижу Филипс во 2005 година / Фото: SBM / PictureLux / Hollywood Archive / Profimedia

Мастерсон останува на ставот дека не е виновен за силувањата за кои е осуден, а неговите адвокати најавија дека ќе се жалат на пресудата. Тие тврдат дека имало проблеми со доказите и дека пресудата е во спротивност со Уставот на Соединетите Американски Држави.

Филипс присуствуваше на судењето, на кое 47-годишниот актер беше прогласен за виновен. На Мастерсон веќе еднаш му беше судено за силувањата што се случиле во 2003 година. Првото судење беше поништено, а на второто беше прогласен за виновен за две од трите обвиненија.

Филипс плачеше во судницата кога нејзиниот сопруг беше прогласен за виновен за две точки од обвинението за силување на 31 мај, а плачеше и кога на 7 септември беше осуден на 30-годишна затворска казна.

Познатата двојка годинава / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пред судот да ја изрече затворската казна, Филипс изјави дека Мастерсон е „прекрасен сопруг и татко“.

Тие ја започнаа љубовната врска во 2004 година, а се венчаа во 2011 година.

Мастерсон беше осуден за силување на две жени кои ги запознал преку Скиентолошката црква во 2003 година. И двете рекле дека актерот им ставил дрога во пијалаците, по што ги силувал.

ВИДЕО | Славниот пар среде скандал: Осудениот Дени Мастерсон се обложил со Ештон Качер да ја бакне 14-годишната Мила Кунис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот