
Осум работи што богатите ги купуваат евтино и имаат добра причина за тоа
Reader’s Digest провери и состави листа на работи кои богатите луѓе ги купуваат – поевтино, но и зошто тоа го прават.
Препорачано
Кога ќе размислиме како живеат богатите и славните, прво што ни паѓа на ум се луксузни вили, спортски автомобили и дизајнерска облека. Но, се чини дека вистината е далеку од таквото размислување. Според истражувањето на 1.200 инвеститори, што го објави страницата „Millionaire Corner“, една третина од луѓето со нето вредност поголема од пет милиони долари во Америка велат дека купуваат во синџирот на продавници „Walmart“, додека половина купуваат во сличниот синџир хипермаркети „Costco“, а повеќе од 40 отсто купуваат во хипермаркетите „Target“.
Има смисла кога ќе размислите – тие се богати со причина, а една од тие причини можеби е тоа што се паметни купувачи, пренесува Ordinacija.hr.
Еве краток список на работи на кои богатите одбиваат да го трошат своето богатство…
1. Постелнина
Денешните богаташи се свесни дека квалитетната постелнина не мора да чини цело богатство.
Не мора да трошите илјадници долари на рачно изработени, луксузни италијански чаршафи. Дури и богатите луѓе го сфатија тоа, па избираат попристапна одржлива опција, објаснува Рана Арџенио, основачка на линијата на луксузни постелнини по многу попристапни цени.
2. Крем за лице
Секако дека можете да потрошите еден тон пари на луксузен крем за лице, но зошто кога за значително помалку пари можете да добиете одличен производ?
3. Пакување на подароци
Хартијата за пакување, украсни ќеси за подароци и честитките може да чинат речиси исто колку и самиот подарок. Но, ако сакате да подарувате како богатите луѓе, можеби е време да се откажете од таквите опции.
Богатите луѓе не сакаат да трошат многу на производи за широка потрошувачка, а украсната хартија и ќесите дефинитивно спаѓаат во таа категорија. Вашиот богат пријател можеби ќе ви купи прекрасен подарок, но верувајте дека пакувањето е од продавница во која сè е многу евтино.
4. Предмети за домаќинството
Може да биде примамливо да се трошат пари на пример, на најскапата тоалетна хартија и отмени средства за чистење, но богатите луѓе не трошат на такви работи.
Заштедете со купување на распродажба (на акции) и во големи количини, бидејќи богатите луѓе токму така купуваат, а се чини дека главната причина е тоа дека се многу зафатени.
5. Патувања
Иако богатите луѓе можат да си дозволат да патуваат каде што ќе посакаат, тоа не значи дека не бараат начини како да заштедат пари. Тие ги користат истите онлајн алатки за да бараат сместување и летови исто како и сите други.
6. Накит
Дури и луѓето кои ги обожаваат луксузните брендови како „Картие“, „Тифани“ и „Ролекс“ најверојатно дома имаат евтини предмети за да ги комбинираат.
„Јас сум личен купувач и стилист на славните личности веќе 19 години и многу од моите клиентки купуваат евтина бижутерија. Ја комбинираат со своите скапи парчиња, а понекогаш изгледа подобро и од вистински накит“, вели Лорен Реј Леви.
7. Очила за сонце
Само затоа што можат да си дозволат очила за сонце со потпис на „Шанел“ или „Диор“, тоа не значи дека богатите носат само такви очила.
Имено, очилата за сонце се една од работите кои најчесто се кршат и губат! Токму затоа е добра идеја колекцијата луксузни очила да ја надополните со еднакво убави, но и поевтини.
8. Маскара
Шминката е еден од оние производи кои треба редовно да се проверуваат и по потреба да се заменат, најчесто поради хигиенски причини. Една од работите која не мора да биде со дизајнерски потпис е маскарата, тврди стилистката Лорен Реј Леви. Подеднакво добра маскара можете да купите поевтино во аптеките, а сигурно никој нема да ја забележи разликата.