Сиљановска Давкова и Радев во Софија

Остри реакции за отсуството на македонско знаме на средбата помеѓу Радев и Сиљановска Давкова

„Радев ја угости Сиљановска Давкова, но без знаме“, „Дали ова е дипломатски скандал“, „Ова е понижување“, „Скандалозен потег на Бугарија“, „За амбасадор секогаш се става знаме, а камо ли за претседател“. Ова се само еден дел од реакциите за пречекот на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во кабинетот на бугарскиот претседател, Румен Радев.

Професорката по право, Мирјана Најчевска смета дека ова е пораз за Македонија.

„Навистина не знам дали е само глупа или сите околу неа се неписмени или едноставно не е соодветна за позицијата која ја има“, додава Најчевска.

Слична реакција имаше и професорката Билјана Ванковска, која беше во трка на првиот круг од претседателските избори.

„Погледнете го соопштението (и фотографиите) на ФБ профилот на претседателката Силјановска и споредете со тонот и фотографиите на бугарскиот претседател. Како да зборуваат за две различни средби и “пријателства”. Радев всушност кажува дека македонската страна сама се поканила т.е. дека тој НЕ ОДБИЛ барање за средба од ниту еден странски шеф на држава. Ајде сега да уживаме во Набуко, хорот на поробените Македонци, пардон – Евреи“, напиша таа.

Околку реакциите дека македонската страна сама се поканила, се надоврза и поранешниот дипломат, Ѓорѓи Спасов.

-Бидејќи сама си се поканила со намера да одглуми “културна дипломатија”, односно дека нешто прави на планот на добрососедските односи, таа беше дочекана како приватно лице кое дошло на кафе во канцеларијата на Радев, па домаќините со право оцениле дека не треба да ја третираат како државник од друга држава и да истакнуваат знаме од таа држава.Таа се согласила однапред на приватен и понижувачки третман и да нема изјави по приватната средба.

Сигурно и кажале дека домаќините ќе и ги кажат сите оние работи што бугарската страна постојано ги повторува. А тоа е дека таа и Мицкоски треба да престанат со предизборната реторика кон Бугарија, дека Бугарија нема намера да преговара одново со Македонија и дека ако Македонија сака да ги почне разговорите со ЕУ треба да ги исполни условите од преговарачката рамка да го почитува договорот за добрососедство и потпишаните протоколи.Тоа ли отиде да го слушне Силјановска? – прашува јавно Спасов.

На фотографиите може да се забележи дека е минисѕерот за култура Зоран Љутков беше пречекан без македонското знаме, поради што голем дел од јавноста остро реагираше.

Oд Кабинетот на претседателката денеска информираа само дека Сиљановска Давкова вчера присуствувала на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко” од Џузепе Верди.

„На настапот на македонските уметници, со кој беше отворена оперската сезона во Софија, присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кои се во состав на македонската делегација“, информираа од Кабинетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот