EPA-EFE/ALLISON DINNER

Основачот на „ТикТок“ сега е најбогатиот Кинез, „тежок“ е речиси 50 милијарди долари

Еден од основачите на „Битденс“, компанијата-мајка на популарната социјална мрежа „ТикТок“, Жанг Јиминг, стана најбогатиот човек во Кина, со богатство кое се проценува на 49,3 милијарди долари – за 43 отсто поголемо од лани, објави денеска кинескиот истражувачки институт Хурун.

Јиминг поднесе оставка од својата позиција во „Битденс“ пред три години, но се верува дека тој сè уште поседува околу една петтина од компанијата.

Извршниот директор на институтот, Руперт Хогеверф, рече дека Жанг Јиминг е 18-тиот бизнисмен кој стигнал на врвот на листата на најбогати Кинези во изминатите 26 години, што зборува за брзината со која се развива и се менува кинеската економија.

Во истиот период, позицијата најбогат човек во Соединетите Американски Држави ја достигнале само четворица – Бил Гејтс, Ворен Бафет, Џеф Безос и Илон Маск.

Според извештаите, само 30 отсто од луѓето на листата на кинески богаташи забележале зголемување на нивната пазарна вредност оваа година, додека останатите забележале пад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот