Бујар Османи Фото: Османи Фејсбук

Османи: Во Чаир има нова енергија, дојдов да го канализирам гневот

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека последните масовни собири и големиот одзив на граѓаните ја отсликуваат новата енергија што владее во општината и претставуваат јасен сигнал за потребата од промени.

Тој посочи дека пораката, што ја слушнал при средбите од врата на врата и на јавните настани, е дека жителите бараат достоинство и подобар квалитет на живот.

„Се случува нешто необично. Еден вид мобилизација што не е типично партиска. Дојдоа луѓе кои ни велеа, и тоа во многу голем број: ние гласавме лани за нив, но погрешивме. Сакаме сега да ја поддржиме вашата кауза. Дојдоа неопределени луѓе, кои ми велеа: ние никогаш не сме гласале, никогаш не излеговме на избори, сме аполитични. Но, овој пат не смееме да молчиме. Тоа е една енергија што врие“, рече Османи.

Кандидатот од ДУИ нагласи дека мобилизацијата на граѓаните, без разлика на нивната етничка или политичка припадност, е потврда за желбата да се врати достоинството и да се изгради нова политичка култура во Чаир.

„Од првиот ден реков: не влегов во оваа трка за да ја водам општината, туку за да ја канализирам оваа енергија на гневот, на револтот што го слушам од секој човек што сум го сретнал. Сретнав илјадници луѓе во овие три месеци кампања. И тие зборуваат за нашето национално достоинство што ни е одземено и понижено, но зборуваат и за достоинството на животот во Чаир“, порача Османи.

Тој заклучи дека историската промена веќе започнала и дека новата енергија што ја демонстрираат граѓаните ќе биде двигател за подобар Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот