Османи: Уставните измени ќе се случат, важно е за ова да се зборува на лидерската средба

Фото: Бујар Османи, Фејсбук

Уставните измени ќе се случат, тврдам најдоцна шест месеци од денеска, ќе се случат во било која комбинација, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи и порача дека затоа е важно ова прашање да се отвори и на утрешната лидерска средба.

Османи, во гостувањето на телевизија Сител вечерва порача дека државата не може да стагнира на европскиот пат, бидејќи, како што рече, тоа е нашиот кислород и врзивно ткиво.

– Тоа е нашето гориво, кое што нè движи напред во делот на реформите. Така што, многу брзо откако ќе помине оваа емоција, дека ние под бугарски диктат не ги правиме уставните измени со цел некој ситен политички поен, ќе сфатиме дека малите држави, па и поголемите во регионот, не можат без Европската Унија и тој систем. За жал, ние секогаш сфаќаме на нас, наместо да учиме од другите, ние ќе ги направиме уставните измени. Метафорички велам во шест месеци, затоа што нема да може ниту една влада, во било која композиција да издржи во услови на немање европски процес – изјави Османи.

Според Османи уставните измени ќе се случат и ќе гласаат токму актерите кои денеска се противат, за како што вели, да добијат на избори.

Без уставни измени, нагласи Осамни, нема продолжување на преговорите и тоа е јасно.

– Скринингот завршува оваа недела, и тоа со поглавјето за МНР. Извештајот таму потврди 100 проценти усогласеност во надворешната политика, многу добар напредок, меѓутоа такви се правилата – изјави Османи.

Османи, исто така, посочи дека ние сме еден чекор напред и во споредба со Албанија, но дека не очекува во декември да има поместување.

– После скринингот, има писмо што го добиваат земјите, а се усогласува со консензус во Брисел, а се однесува на утврдување на бенчмаркови. За нас стигна писмото, за Албанија сè уште има проблеми со грчкиот став по однос на писмото. Се движи работата, но удира во ѕид кај уставните измени, посочи Османи.

Османи, исто така, порача дека техничкиот премиер ќе биде на предлог на ДУИ и може да биде Талат Џафери, но дали ќе биде, сепак за тоа треба одлука од органите на партијата, кои, како што рече, ќе се состанат по следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот