Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Фото: Слободен печат

Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека следната мисија на партијата е претседател на државата.

Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец, вториот пат повеќе нема да биде тема кога ќе има втор премиер Албанец, бидејќи и премиерството ќе биде дел од сузбивање на етничкиот монопол. И само уште една позиција каде што има етнички монопол е претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ. Ова е визијата и мисијата на Али Ахмети, кој како што сум кажал мандат по мандат, поглавје по поглавје, дел по дел го создава мозаикот на неговата визија, изјави Османи на партиски настан во Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот