Фото: Министерство за надворешни работи

Османи-Шаленберг: Уставните амандмани се клучен фокус за државата, ја цениме поддршката од Австрија за концептот на забрзана интеграција

Уставните амандмани се клучен фокус за Северна Македонија. Работиме на синхронизирање на овој процес со сите чинители во државата, а земјата ја цени поддршката од Австрија за концептот на забрзана интеграција, верувајќи дека тоа ќе придонесе за зачувување на кредибилитетот на процесот на проширување, порачал министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на средбата со австрискиот колега Александар Шаленберг, на маргините на првата Конференција за климатски промени што се одржува денеска во Виена.

Како што информира Министерството за надворешни работи, двете земји негуваат блиски односи речиси три децении, со заемна посветеност за натамошно унапредување на соработката.

Како што се наведува во соопштението, Шаленберг истакнал дека Австрија дава силна поддршката и има директен и конструктивен ангажман во справувањето со предизвиците и приоритетите на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Османи побарал помош од Австрија и за справување со итните прашања важни за функционирањето на Организацијата.

Северна Македонија изразува благодарност до Австрија за нејзината силна и отворена поддршка на нашиот пристапен пат кон ЕУ и залагањата за членство во ЕУ за целиот Западен Балкан. Земјава ја цени австриската поддршка на концептот на забрзана интеграција, верувајќи дека тоа ќе придонесе за зачувување на кредибилитетот на процесот на проширување – истакнал Османи на средбата со Шаленберг.

Османи посочил и дека државата работи на синхронизирање на уставните измени со сите чинители во државата, со цел успешно да се заврши до декември 2023 година.

Дискутирајќи за регионалните случувања, Османи ја истакнал улогата на Северна Македонија како домаќин на дијалогот Белград-Приштина во Охрид, што како што вели тој, резултираше со значаен договор. Од МНР соопштија дека тој го претставил и планот од девет точки понуден како додадена вредност за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

„Продолжувањето на дијалогот предводен од ЕУ е исклучителна важност и за ОБСЕ и за Северна Македонија како непосреден сосед. ОБСЕ е подготвена да го поддржи и помогне спроведувањето на препораки што ќе произлезат од овој процес на терен“ – рекол Османи.

Османи ќе се обрати на првата Конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот