ОРМ: Да ја подигнеме личната одговорност и заеднички да излеземе од оваа криза

Во услови на капитализам развојот на државата се заснова на идеите, храброста, пожртвуваноста, знаењето и умешноста на претприемачите, а државата е должна да овозможи добри услови за стопанисување, смета претседателот на ОРМ.

Владата е свесна дека покрај решавање на проблемот со ширењето на вирусот и одржување на здравствениот систем, неопходна е државна помош за спас на економијата. Граѓаните мораат да земат плата за да трошат и на тој начин да го полнат буџетот на државата, порача Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Тој истакна дека во услови на капитализам развојот на државата се заснова на идеите, храброста, пожртвуваноста, знаењето и умешноста на претприемачите, а државата е должна да овозможи добри услови за стопанисување. Слободата на претприемништвото е гарантирана со Уставот и секој има право да отвори фирма и да биде „газда”.

Недела Владата ќе излезе со по конкретни мерки за помош на стопанството, но не очекувајте дека ќе ги покрие 100% од изгубените приходи и зголемените трошоци, затоа во ова тешко време ни е потребно да ја потиснеме паниката и стравот, да ја подигнеме личната одговорност и заеднички да излеземе од оваа криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот