„Солисти на ФМУ“ и проф. м-р Сашо Татарчевски во Братислава

Оркестарот „Солисти на ФМУ“ и проф. м-р Сашо Татарчевски освоија Гран-при на фестивал во Братислава

За првпат во историјата на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) од Скопје, еден наш оркестарски ансамбл учествуваше на меѓународен музички натпревар.

Имено, студентите членови на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под раководство на проф. м-р Сашо Татарчевски го претставија ФМУ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и нашата држава на фестивалот „Братислава спринг фестивал“, кој традиционално се одржува во последната третина од месец март во главниот град на Словачка.

Нашиот оркестар настапи на три концерти, а зеде учество и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Врвната подготвеност и извонредниот прием кај публиката и останатите учесници на фестивалот се потврди и со одлуката на жири-комисијата на нашиот оркестар да му додели Златна диплома со 98 поени во натпреварувачката категорија, како и Гран-при награда на фестивалот.

– Во еден навистина тежок период за нас, како факултет, но и за целото општество, ваквото врвно достигнување е нешто што го подигнува духот на студентите, но и на сите млади луѓе, покажувајќи дека со знаење, посветеност и квалитетна работа ништо не е недостижно и невозможно – истакнуваат од ФМУ.

Овој успех се постигна благодарение на поддршката од Министерството за култура и туризам, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и е јасен показател за тоа колку е важно да се поддржат оние индивидуи и колективи кои таквата поддршка стално ја оплодуваат со врвни достигнувања, посочија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот