Данил Медведев ќе остане без право на настап на „Вимблдон“/Фото: EPA-EFE/AELTC / Thomas Lovelock

Организаторот ја потврди одлуката, без руски и белоруски тенисери на Вимблдон

Организаторот на следниот гренд слем турнир вечерва ја потврди претходно донесената одлука, руските и белоруските тенисери и тенисерки нема да можат да настапат на Вимблдон.

Руските и белоруските тенисери беа суспендирани поради руската воена инвазија врз Украина која Москва ја нарекува „специјална операција“. Потврдата на одлуката значи дека на Вимблдон нема да може да настапи Данил Медведев кој во понеделник ќе го презеде првото место на АТП ранг листата од Новак Ѓоковиќ.

– Во име на Ол Ингланд клубот и организацијата на натпреварувањето сакаме да изразиме силна поддршка на погодените од конфликтите во Украина во овие тешки моменти. Ја споделуваме осудата за незаконските дејствија на Русија. Многу внимателно го разгледавме влијанието на оваа ситуација во контекст на обврските кон играчите, јавноста и спортот. Ги зедовме во предвид и препораките на владата на Обединетото Кралство. Наша должност е во согласност со нашите можности  да придонесеме во напорите на Владата да се ограничи глобалното влијание на Русија – стои во соопштението на организаторот на Вимблдон.

Поради ваквата одлука на организаторот, АТП одлучи Вимблдон да не се бодува туку да се игра само за парични награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот