Белоглавиот орел официјален симбол на САД/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Орел предизвикал шумски пожар во Канада – испуштил риба врз далновод

Канадските пожарникари сметаат дека шумскиот пожар што избувна во западна Канада е предизвикан од орел кој го испуштил својот улов – риба – врз високонапонски далновод, објави АП.

Пожарот започнал на 30 јули, околу шест километри јужно од градот Ашкрофт во покраината Британска Колумбија, а истрагата води до необичен заклучок – орел кој летајќи со својот плен се заморил и ја испуштил рибата врз далноводите, што довело до искрење и пожар.

Фотографии од местото на настанот покажуваат јагленисани риби на поцрнета земја, што дополнително ги поткрепува сомнежите на истражителите.

Пожарот избувнал на локација околу три километри западно од најблиската река, што укажува дека рибата најверојатно била донесена оддалеку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот