Сашо Орданоски
Сашо Орданоски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Орданоски: Францускиот предлог може да биде најдобриот што ќе го добиеме

Новинарот и политички аналитичар Сашо Орданоски смета дека македонската влада не треба да излегува со став околу францускиот предлог за решавање на спорот со Софија и за почнување на преговорите на земјава со ЕУ, додека тоа не го направи бугарската влада.

„Со оглед на хаосот во Софија, не знаеме што ќе биде судбината на предлогот во самата Софија и потоа што статус ќе има. Тоа е процедура што ја тераат во ЕУ и таа мора да заврши некакви фази. Ќе видиме што ќе биде денеска-утре, вели Орданоски.

Според него, жестоки се поделбите во Софија.

-Тој предлог може и да не помине во бугарскиот парламент. Моето чувство е дека овој предлог доаѓа како резултат на лошите политики на ЕУ, тоа не е ништо ново. Тука сме во фото-финиш со други земји кои бараат влез во Унијата. Таа е компликувано животно. Овој предлог, како што е даден, може да се случи да е најдобриот што ќе го добиеме. Треба да видиме што ќе бидат забелешките на владата. И да го усвои бугарскиот парламент, како ќе помине во самата ЕУ. Таму седат земји-членки кои во принцип не се согласуваат со бугарската позиција, речиси сите. Треба да бидеме свесни што потоа, рече Орданоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој смета дека самиот предлог е понеприфатлив за Софија, отколку за нас.

„Тоа се такви предлози, кога и двете страни не треба да бидат незадоволни. Се расчистува македонскиот јазик со Бугарите. Ќе биде признаен во една европска рамка“, вели Орданоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот