Орце Камчев излезе од притвор/Фото: Скриншот/ТВ Клан

Орце Камчев пред Бадник дома, пасошите му останаа во судот

Откако бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно”, попладнево во 16.40 часот излезе од притвор од Истражниот затвор Скопје – Шутка има обврска редовно да се пријавува во судот.

Имено, тој е ослободен од притвор откако вчера Кривичниот совет на Апелацискиот суд одлучи да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, но неговите патни исправи остануваат во судот, каде ќе треба редовно да се пријавува.

Камчев ден пред Нова година од затворот во Шутка итно беше префрлен на лекување во болницата „Систина” и таму ја помина новогодишната ноќ.

Бизнисменот беше во притвор од март 2021 година, кога беше приведен под сомнение дека се подготвува за бегство, откако десетина денови пред тоа, осомничениот Мијалков за истиот случај „Плацеви на Водно“ побегна, па се врати да го подигне решението за куќен притвор до изрекување на пресудата за случајот „Таргет – Тврдина“ кое беше закажано за 26 февруари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот