
Орбан: Снабдувањето со нафта и гас од Русија е стабилно
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека нафтата и гасот ќе доаѓаат стабилно од Русија и додаде дека секој друг извор на снабдување со овие енергетски извори би бил понеизвесен и поскап.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Орбан рече дека безбедноста на снабдувањето со нафта и гас од Русија е загарантирана и додаде дека „ниту една разумна личност не би се откажала од нешто сигурно за нешто неизвесно“, пренесува агенцијата МТИ.
Тој изјави дека договорената цена на енергијата од Русија е пониска отколку од другите земји.
„Има будали и има предавници. Како би ги нарекле луѓето на фудбалско игралиште кои навиваат за противникот наместо за унгарскиот тим?“, рече Орбан.
Во врска со неговиот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп на оваа тема, Орбан рече дека американскиот претседател го прашал зошто Унгарија купува нафта и гас од Русија.
„Му кажав и тој рече дека разбира. Точка. Ние не сме потчинети еден на друг и не е така што Вашингтон дава наредби, а ние ги извршуваме. Постојат две суверени држави со суверени лидери кои се консултираат кога е потребно“, рече Орбан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
4мин
-
5мин
-
7мин
-
18мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5