Орбан и Мицкоски Фото: Влада на РСМ

Орбан смета дека е срамно што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди бавно

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека срамно е што процесот на зачленување на Македонија во Европската унија оди бавно. Орбан истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

„Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ не само затоа што е срамно што овој процес бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија, туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа, ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светот и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста, освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега ѝ донесе добро на Европската Унија“, истакна Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот