Орбан откри: Се разговара за учество на НАТО во војната во Украина

Виктор Орбан/ Фото Attila KISBENEDEK / AFP / Profimedia

Во Брисел се подготвуваат работни групи за да разговараат за тоа како НАТО може да учествува во војната во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за унгарското радио Кошут.

„Постојат некои вознемирувачки сличности помеѓу сега и периодот на Првата и Втората светска војна. Она што се случува денес во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, го поставува расположението за можен воен конфликт кој би можеле да го дефинираме како подготовка за влез на Европа во војна“, додаде унгарскиот премиер.

Орбан рече дека Унгарија како членка на НАТО има претставници во овие групи, но не сака да учествува во конфликтот ниту со финансиски придонеси, ниту со испраќање оружје, дури и во НАТО.

„Во историјата на НАТО, навистина немало ситуација во која земја-членка толку отворено и јасно се придржувала до основните принципи на НАТО, како што тоа го прави сега Унгарија“, рече премиерот, додавајќи дека затоа Будимпешта мора „ ја редефинира својата позиција во воениот сојуз“.

Тој додаде дека стравувањата дека Русија ќе нападне членка на НАТО се неосновани и додаде дека војната во Украина, која трае веќе три години, ги покажала границите на можностите на Москва.

“Руската војска води сериозна и тешка војна со Украинците. Ако Русите беа доволно силни за да ги поразат Украинците со еден удар, тие веќе ќе го направеа тоа. Воените капацитети на НАТО далеку ги надминуваат оние на Украина, па затоа е малку веројатно дека Русија или која било друга земја да го нападне НАТО, мислам дека не е логично Русија, која не може ни да ја победи Украина, одеднаш да дојде и да го проголта целиот западен свет“, рече унгарскиот лидер.

Орбан вели дека го гледа споменувањето на руската закана како увертира за подлабока вмешаност на Западот во војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот