Орбан и Марин ле Пен/Фото: EPA-EFE/MARCIN OBARA POLAND OUT

Орбан и Ле Пен како Трамп, со десничарски митинг во Мадрид: „Да ја направиме Европа повторно голема“

Новосоздадената група на Европскиот парламент наречена „Патриоти за Европа“, во која се вклучени етно-популистичките сили како што се оние на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Националниот Собир на Марин Ле Пен од Франција и Партијата на слободата (ФПО) на Херберт Кикл од Австрија, одлучи да одржи митинг „Да ја направиме Европа повторно голема“) во Мадрид на 8 февруари.

„Насловот на митингот природно го повторува предизборниот слоган и реториката на американскиот претседател Доналд Трамп, која партијата Патриоти сега ја имитира низ цела Европа“, пишува Политико.

Групата „Патриоти за Европа“ е основана по европските избори во јуни 2024 година за да ја обедини европската популистичка екстремна десница.

Во Европскиот совет, патриотите во моментов се претставени само од Орбан, но тоа наскоро би можело да се промени бидејќи австриската крајнодесничарска Партија на слободата (ФПО), која им припаѓа на Патриотите, е во преговори за коалициска влада со нејзиниот лидер Херберт Кикл, кој многумина го гледаат како следен канцелар на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот