Зеленски и Орбан / Фото: ALEJANDRO PAGNI / AFP / Profimedia

Орбан до Зеленски: Престани да нè малтретираш по обвиненијата за дронови

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да „престане да ја малтретира“ Будимпешта, дополнително ескалирајќи го конфликтот меѓу двете земји.

„Унгарија е членка на НАТО и ЕУ, а Украина одамна ќе се распаднеше без поддршката на тие две организации. Претседателе Зеленски, со сето должно почитување, престанете да нè малтретирате“, напиша Орбан на социјалната мрежа X.

Со тоа, тој дополнително ги влоши односите меѓу Будимпешта и Киев, кој ја обвини Унгарија за испраќање извидувачки беспилотни летала на украинска територија.

Во петокот, Зеленски објави дека извидувачки беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор и веројатно ѝ припаѓаат на Унгарија, по што унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, напиша на Фејсбук дека „Зеленски почнува да полудува поради неговиот антиунгарски став“ и дека „гледа духови“.

Спорот продолжи и денес кога украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави мапа на социјалната мрежа X на која, како што тврди, се гледа траекторијата на беспилотно летало од Унгарија кое влегува во украинскиот воздушен простор.

Сијарто одговори, велејќи дека тоа е „лажно“ прикажување.

„Ова е лажно! Не треба да се дискредитирате“, напиша Сијарто на социјалната мрежа Х.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот