Златко Перински - Фото: Драган Митрески/Слободен Печат

Општините губат над 100 милиони евра годишно поради несоодветна наплата и прибирање на средствата, вели Перински

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска изјави дека општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање и соопшти дека Владата работи на процесот на дигитализарање на услугите на локално ниво, со цел да се зголеми и ефикасноста при наплатата, а со тоа и самото децентрализирањње на локалните самоуправи.

– Едно е да зборуваме за децентрализација на надлежности, а друго е кога зборуваме за фискалната децентрализација. Процесот на фискална децентрализација има почеток, но нема крај. Она што во моментот ние го имаме детерминирано како аномалија, тоа е дека во моментот просекот на наплата од сопствени извори на финансирање од страна на локалните самоуправи е нешто повеќе од 50 проценти. На годишна основа, општините губат од 100 до 120 милиони евра, затоа што несоодветно си ги собираат сопствените извори на финансирање- рече министерот.

Вториот аспект, како што посочи Перински, е тоа што поради немање доволно финансиски потенцијал, општините не можат да ги извршат активностите во рамки на нивните надлежност, кои се резулат на поголемата децентрализација.

-Локалните самоуправи треба да го зголемат својот перфоманс во наплатата на сопствени извори на финансирање. Што ние во изминатиот период направивме, дектектирајќи ја оваа аномалија. Заедно со мојот колега Стефан Андоновски од Министерството за дигитална трансформација земавме обврска пред се да ги дигитализираме услугите од општините кон граѓаните и да ги закачиме на единствениот национален портал uslugi.gov.mk. Во втора фаза се внатрешните процеси во рамки на дневните активности на вработените и на администрацијата на локалната самоуправа- рече Перински.

Нагласи дека паралено со овие два процеса од централно ниво се ажурира базата на даночни обврзници на локално ниво, со цел општините да имаат ажурирана база на даночни обврзници и наплата на данок која ќе се врши по електронски пат.

Перински истакна дека во моментов има примери на навистина успешни градоначалници, кои што собираат сто отсто од сопствените извори на финансирање, но има и градоначалници кои што девет, десет години немаат издадено ниту едно даночно решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот