Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Фото: Општина Карпош

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети кои ќе бидат користени од страна на општинската администрација за работни потреби.

На овој начин, вработените во Општината, кои согласно работните задачи, мобилно се движат на територијата на локалната самоуправа ќе имаат практични, економични и ефикасни превозни средства, кои воопшто не придонесуваат за загадување на амбиенталниот воздух – велат од Карпош.

Оттаму додаваат дека согласно буџетските ставки и потребите на општинската администрација, Општината и во иднина ќе набавува вакви електрични тротинети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот