Ѓубре во Аеродром / Фото: Слободен печат

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против скопското Јавно претпријате (ЈП) „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина. Кривичната пријава е поднесена до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството, откако „Комунална хигиена“ неколку дена не го собираше ѓубрето низ Скопје.

Од Општина Аеродром велат дека нивните екипи во изминативе 3 дена собрале 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја изврши.

„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности односно чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад.Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање“, соопштија од Општина Аеродром.

Пред неколку месеци, локалната самоуправа ѝ изрече прекршочна казна на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ во износ од 88.000 евра, информираше тогаш Општината.

Како причини за оваа висока глоба од Општината ги наведоа континуираното нефункционирање, несоодветното собирање отпад и негрижата за јавната хигиена на нејзината територија од страна на градското претпријатие.

Општината и ЈП „Комунална хигиена“ неколку пати си ја префрлаа топката околу надлежноста за тоа кој треба да ги исчисти мини-депониите кои се појавуваа на повеќе локации низ Аеродром.

Комунална: За чистење на депонијата кај Железничка е надлежна Општината, нашите обврски се исполнети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот