Опра Винфри во март годинава / Фото: PG / Bauer Griffin / Profimedia

Опра Винфри се огласи по хоспитализацијата: „Мијте ги рацете, инфекцијата живее на кваките…“

Американската водителка Опра Винфри (70) беше хоспитализирана вчера, а сега е откриено дека станувало збор за стомачен вирус. Во моментов, таа се опоравува во домашни услови.

„Винфри се опоравува од стомачниот вирус и доби интравенска инјекција за дехидрација по препорака на нејзиниот лекар. Таа се одмара и се чувствува подобро секој ден“, изјави претставникот на Винфри за „Си-ен-ен“.

Новинарката Гејл Кинг, инаку пријателка на Винфри, беше на видеоповик со неа, па го сподели разговорот на Инстаграм.

Во видеото Винфри откри дека е хоспитализирана бидејќи не можела да задржи доволно вода во телото поради вирус. Таа исто така откри дека не е единствената во семејството што го имала овој вирус.

„Мијте ги рацете, ми рекоа дека се шири со допир. Инфекцијата живее на кваките, оградите и до 10 часа, ако ја допрете таа површина по заразено лице, ќе ја добиете и вие“, посоветува Винфри.

Опра Винфри е итно хоспитализирана: Водителката призна дека пие Оземпик пред неколку месеци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот