Profimedia
Фото: Профимедиа

Опра Винфри е итно хоспитализирана: Водителката призна дека пие Оземпик пред неколку месеци

Американската водителка Опра Винфри (70) била итно хоспитализирана поради тешки стомачни проблеми само неколку месеци откако призна дека користи Оземпик за слабеење, пишува „Дејли мејл“.

Ова го откри нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг (69), која вели дека надева оти Винфри нема да биде вознемирена од нејзината недискреција.

„Таа е дехидрирана, имаше интравенска инјекција, тоа е многу сериозна работа“, раскажа Кинг, а пренесе „Дејли мејл“.

Опра Винфри / Фото: – / Shutterstock Editorial / Profimedia

Винфри, чија тежина варираше со текот на годините, неодамна стана дел од насловните страници на светските медиуми поради нејзиниот документарен филм за луѓето кои користат апчиња за слабеење.

„Тоа е многу лична тема за мене и за стотиците милиони луѓе ширум светот кои се борат со тежината и дебелината“, рече тогаш таа.

Опра Винфри во март годинава / Фото: PG / Bauer Griffin / Profimedia

Низ годините, Винфри не ги штедеше своите фанови за деталите за нејзиното слабеење. Минатата година, почнаа да се шират гласини дека земала Оземпик, лек за дијабетес, кој оттогаш стана холивудски хит меѓу оние кои се обидуваат да ослабат.

Како што се зголемуваа шпекулациите, Винфри во декември призна дека се откажала и почнала да го користи споменатиот лек за да изгуби килограми и да ја постигне посакуваната фигура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот